Ова се сите можни сценарија за „Песна на Евровизија 2021“ во Холандија

110

Учество ќе земат 41 земја, меѓу кои, како што официјално пишува и Република Северна Македонија. Останува единствено нејасно дали Васил Гарванлиев од Струмица, повторно ќе ги брани музичките бои на нашата земја, но со некоја друга нова песна?!

Откако поради пандемијата со коронавирусот оваа година не се одржа „Песна на Евровизија“, организаторите на овој многу омилен светски музички фестивал, домаќинот Холандија, се подготвуваат за четири можни сценарија за наредното издание во месец мај 2021 година.
Сценарио А: Нормално одвивање на натпреварувањето
Сценарио Б: Натпреварување со одржување на растојание од 1,5 метри (вклучително и за публиката)
Сценарио В: Натпреварување во услови на рестрикции на патување (ако некоја делегација нема да биде во можност да дојде, настапот ќе го реализира од својата земја; салата ќе биде со ограничен капацитет за публика)
Сценарио Г: Целосно затворање на Холандија (доколку ова се случи сите натпреварувачи ќе настапуваат од своите земји)
Со што испаѓа дека музичкиот натпревар „Песна на Евровизија“ следната 2021 година сигурно ќе се одржи.

Полуфиналните вечери ќе бидат на 18 и 20 мај, а супер финалето ќе се одржи на 22 мај кога ќе биде прогласен и победникот. Следната година домаќин ќе биде исто така Холандија, а музичкиот спектакл ќе се организира во градот Ротердам.

На официјалната страна на Фејсбук на „Евросонг“ е објавено дека идната година на натпреварот учество ќе земат 41 земја, меѓу кои, како што официјално пишува и Северна Македонија. Останува единствено нејасно дали Васил Гарванлиев од Струмица, повторно ќе ги брани музичките бои на нашата земја, но сепак со некоја друга нова песна?