Ова се трите главни симптоми на Омикрон: Д-р Миличевиќ предупредува дека намалениот број на заразени не треба да нѐ залажува

1

Повеќе од еден месец откао е откриен во Јужна Африка, новиот сој на коронавирусот омикрон беснее низ Европа, а две нови жаришта станале Велика Британија и Данска.

Официјално не е регистриран во Македонија, но загрижува тоа што омикрон многу повеќе од претходните соеви ги погодува најмладите.

-Ноќното потење и болката во грбот се нови симптоми на омикрон сојот. Оиспот е посебно карактеристичен за овој сој. Покрај сите симптоми кои веќе ги знаеме ова се некои нови кои се карактеристични за омикрон. Овој сој е поопасен, но само затоа што побрзо се шири – рекол за Курир.рс педијатарот Саша Миличевиќ.

Тој нагласил дека не треба да залажув фактот дека опаѓа бројот на новозаразени.

-Добро е што е намален бројот на хоспитализации и смртни случаи. Но, тоа не треба да не залаже. Сепак омикрон релативно скоро е појави – рекол Миличевиќ.