Одбраната на Камчев: Доказот со кој Камчев е во притвор е незаконит и треба да се исфрли од постапката

7

Одбраната на Орце Камчев, поточно адвокатот Тони Менкиноски, денеска на прес-конференција истакна дека доказот со кој неговиот клиент е во притвор, е незаконит и истиот треба да биде исфрлен од постапката.

„Одбраната на Камчев сака да ја информира јавноста дека денеска ќе поведе постапка за утврдување на незаконитост на докази, со цел остварување на уставно загарантираните права на слобода и безбедност, на ефикасна и делотворна одбрана. Сите докази се прибивани на незаконски начин, со кршење на слободата и правата, и не може да се користат, и врз нив не може да се заснова судската одлука за притвор на Камчев.

Доказот информација на АНБ на РСМ од 14 март 2021 година кој е доставен како доказ кон предлогот за изрекување на мерка притвор, и врз основа на кој се темели притворот, треба да биде исфрлен, и дека никогаш не е доставено до одбраната. Со тоа сметаме дека АНБ постапила надвор од своите овластувања, од тука останува нејасно како Камчев ја загрузува безбедноста и преставува закана за националната безбедност, и да биде следен од 12 до 14 февруари, како и да биде подготвена службена белешка.

Бараме овој доказ да биде прогласен како незаконит доказ. Време е во оваа држава да завршат изживувањето со луѓе преку местенки и злоупотреби“, вели Мекиноски.

Адвокатот на Камчев чека од македонскиот суд да се произнесе, доколку не, тогаш ќе се оди во европскио суд за човекови права.

„Киднапирањето на Камчев е одлика која треба да заврши со донесување на една законита одлука од страна на Судот. Да не чека македонскиот суд, европскиот суд за човекови права да го прогласи овој доказ како незакони, прибавен на нелегитимен начин. Сега е на ред македонскиот суд и да утврди дали доказот е прибавен на нелигитимен начин“, вели Мекиноски.

Околку здравствената состојба на Камчев, Мекиноски потенцираше дека пет дена врз него е вршена тортура во затворот, и дека тоа влијаело на здравствената состојба.

„Пет дена класична тортура на правосудниот систем без доставување на вода. И тоа не само за пиење, туку санитарна вода. Пет дена ниту во Северна Кореја, каде што е понижувачки врз заробените лица, не било метод за изживување да се остави човек без вода, пет дена да оставите некого без вода колку е тоа нечовечко и понижуивачки и нормално да има импликации врз целата здравствена состојба“, изјави Мекиноски.

Според него, Камчев ги има сите услови да се брани од слобода, а дека нема да бега, се доказ и неговите два пасоши кои се обезбедени.

„Дадовме гаранција за мерката притвор, да се брани од слобода. Се уште судот се нема произнесено, а што чека – не знаеме. Смешно е, двата пасоши му се обезбедени, имотот. Згора на тоа Камчев ги проширува капацитетите на болницата Систина, а не да размислува за бегање“, рече Мекиноски.