Одземени акредитации на најмалку 17 новинари во Белорусија

16

Протестите во Белорусија се случуваат по одржувањето на спорните избори на 9 август.

Белоруските власти им ги одземаа акредитациите на најмалку 17 новинари од големите странски новински организации кои ги покриваа немирите во земјата по спорните претседателски избори.

Овој потег преземен на 29 август од страна на комисијата на Националниот совет за безбедност, е голема ескалација од страна на владата на претседателот Александар Лукашенко, во услови кога се соочува со протести и меѓународни осуди за изборите на 9 август, како и за острите мерки кон демонстрантите.

Илјадници луѓе во Минск, главно жени, маршираа низ центарот на градот во последните протести на опозицицијата против Лукашенко.

Толпата пееше и извикуваше „Саша ти си отпуштен!“ – што се однесуваше на Лукашенко.

Нема извештаи за апсења или насилство, но во еден момент демонстрантите се соочија со полицијата која го блокираше напредувањето на толпата.

Меѓу новинарите чии акредитации беа одземени, вклучуваат вработени во Радио Слободна Европа, Би-Би-Си, Асошиејтед Прес, Ројтерс, Франс Прес, германската телевизија АРД, Дојче Веле и т.н.

Без акредитации новинарите немаат законска дозвола да известуваат во земјата. Новинарите од руските државни медиуми, како новинската агенција ТАСС, Вести ТВ или каналот РТ, не беа погодени од мерките.