Од денеска без маски на отворено

5

Измени на рестриктивни мерки вчера усвои Владата по намалувањето на бројот на новозаболените од Ковид-19.

Движење без маски на отворено, организирање свадби, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители.

Со ова, се укинува мерката носење на заштитна маска на отворено, освен кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.