Од денеска влез во земјава без сертификат за вакцинација, прележан ковид или негативен ПЦР тест

0

Странските и домашните државјани кои влегуваат во земјава повеќе не мора задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19, медицинска потврда за негативен ПЦР тест.

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб да се укинат и овие ковид мерки.

Укината е и мерката домашна изолација во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.