Од денеска во Италија се затвораат дискотеките, а навечер задолжителни се маските

13

Од денеска во Италија се затвораат сите дискотеки а задолжително е носењето маски ноќе на јавни места, откако повторно порасна бројот на случаите со ковид-19.

Министерот за здравство го потпиша декретот кој стапува на сила денеска и предвидува задолжително носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има „формирање на групи“.

Новиот декрет, исто така, забранува работење на отворените дискотеки и ноќни клубови.

Бројот за заразени во италија се искачи на 479, со што вкупниот број на досега заразени е 253 915 лица и 35 396 починати.