Од денеска повторно може да се одржуваат музички настани

21

По пауза од три месеци, Комисијата за заразни болести одлучи да им дозволи на музичарите да се вратат на работа.

Усвојувањето на предлозите за организирање музички настани, на кој заеднички работеа здруженија на музичари и промотери на музички настани, вклучува протоколи за почитување на мерките за заштита од Ковид- 19 и контрола на нивното спроведување од страна на организаторите , истакна министерот за здравство , Филипче.

Денеска се дозволи да се организираат. Да биде капацитетот пополнет, не повеќе од 50% на местото каде што се организира настанот. Картите да се продаваат електронски, значи да не се прават гужви и редици и задолжително, на сите тие настани, да се носат маски, рече Венко Филипче- Министер за здравство.