Од денес во Солун излегување од дома само со СМС порака

21

Грчките власти објавија дека северните грчки градови Солун и Серес ќе бидат целосно затворени во период од 14 дена.

Мерките ќе стапат на сила денес.

Граѓаните ќе мора да ги известат властите за секое излегување од дома со испратена СМС-порака.

На сила ќе биде и полициски час од 21 до 5 часот, а во овој период ќе смее да се излезе само од здравствени причини или неопходна потреба од работа.

Суспендирани ќе бидат и сите домашни и меѓународни летови.