Од денес поскапува парното, Владата подготвува нови антикризни мерки

0

Од денес парното поскапува за 14,18%, но главна дилема останува дали ќе има доволно гас за да се произведе толинската ене

Регулаторна математиката ја правеше со проценка дека 70% од потребите ќе ги задоволи ТЕ-ТО, која е гасна централа. Сепак, гаранции дека ќе има непречен увоз на енегергенсот – нема.

Универзитетскиот професор Константин Димитров смета дека само во идеални услови може да се очекува ТЕ-ТО да ја испорача планираната количина. Главен проблем, според него, е што се уште нема информација дали Бугарија ќе одобри приклучување на алтернативните гасоводи од Грција.

„За да работи ТЕ-ТО треба да има купено гас. Не добивме информација, пред недела министерот најави писмо ќе пише во Бугарија да ни одобрат приклучување, не знаеме до каде е со таа работа. Кога ќе се направат тие договори, тоа е второто прашање, и ако нема гас треба да се набави мазут, да се транспортира ама тогаш веќе нема да важи ова „ако“ работи ТЕ-ТО – е нема да работи.“

Од утре стапува на сила и одлуката за прогласување на нова кризна состојба во енегергетиката. Земјава со грант од ЕБОР од 100 милиони евра ќе набавува мазут и јаглен, и по потреба ќе увезува струја, но Димитров потенцира дека ниту еден кредит за набавка на енергенси не вреди ако нема целосно исправни капацитети.

„Генерално во енергетиката доцниме 10 години или најмалку 6-7 години. Да се изгради една енергетска постројка од, да кажеме, 200 мегават часови ви требаат, во наши услови на градење, едно 5 години.“

Премиерот Ковачевски повтори дека пред нас е најтешката зима по Втората светска војна, но уверува дека Владата работи постојано за да нема проблеми во снабдувањето со гас и електрична енергија.

Ковачевски најави и нов пакет антикризни мерки а приоритет ќе им се даде на најранливите категории, кои се и најпогодени од енормното поскапување на енергенсите.