Од здружението на медицински сестри : Ако не се реши нашиот статус, ќе имаме уште поголем одлив по пандемијата

13

Претседателот на Здружението на медицински сестри Гордана Бешлиовска, денеска се обрати по повод најавеното заминување на три медицински сестри, меѓу кои и главната, од Инфективната Клиника. Таа смета дека медицинските сестри треба да имаат подобар статус, и ако не биде решен, тогаш ќе се случува уште поголем одлив.

„Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив.

Ќе имаме вакви случаеви многу, ако не се реши статусот. Ќе заврши пандемијата, ние ќе се сретнеме со уште поголем одлив. Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат“, рече Бешлиовска.