Од ковид-19 се лекуваат 1.368 пациенти, а има 570 празни болнички кревети

5

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.368 позитивни и суспектни на корона вирусот. Има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите. Во Скопје се лекуваат 570 лица сомнителни и потврдени на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 110 пациент позитивен и суспектен на ковид-19, во Штип се хоспитализирани 70 пациенти, Тетово – 35 пациенти, во Велес се лекуваат 82 болни, во Куманово 93 пациенти, Охрид – 90 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 27, во Струга 19 болни, Струмица 65 пациенти, во Кочани 32, Кичево 30, Кавадарци 43, Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На Клиниката за детски болести има 6 деца позитивни на ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.

Утрово до 8 часот во Скопје имало 160 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, соопшти Министерството за здравство.