Од кој пијалак најбрзо се старее

16

Истражувањата покажаа дека постои пијалак од кој доста брзо се старее, а ако се откажеме од него може да го запреме прераното стареење, пишува Eat This, Not That.

Испадна дека кога станува збор за стареењето, нема полош пијалак од засладените газирани сокови.

Оние кои редовно ги пијат имаат поголем ризик од дебелеење и од одредени болести, а истражувањата покажаа дека можат да влијаат на телото дури и на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво, брзо стареење.

„Редовното пиење газирани пијалаци засладени со шеќер може да ве доведе во опасност од различни болести како дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу други. Со оглед на тоа што ризикот од тие болести автоматски се зголемува како што старееме, премногу шеќер во организмот секако не помага“, вели доктор Ејми Гудсон.

Студија од 2021 покажа дека пиењето засладени газирани сокови има врска со промената во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспаленијата и оксидативниот стрес, а сето тоа води кон прерано стареење.