Од понеделник стапува на сила нов протокол за влез во Грција преку „Евзони“

22

Граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од грчките служби добила дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција, преку граничниот премин „Евзони“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Почнувајќи од понеделник (17 август) па до крајот на овој месец, на граничниот премин „Евзони“, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.

Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).