Од утре во Грција без маски на отворено

62

Од утре и Грција ја укинува мерката за задолжително носење маски на отворено. Сепак, властите остануваат и со препорака маски да се носат на местата на кои иако се на отворено, има турканици и метеж.

Маските остануваат задолжителни во затворен простор.

Одлуката на грчките власти ја соопшти заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардаљас, и истата стапува на сила од утре наутро во 5 часот.

Од понеделник (28 јуни) се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица.

Вана Папаевангелу, членка на Комисијата за инфективни болести и советничка на Владата изјави дека епидемиолошката слика во земјата е подобрена, но дека сè додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за задоволство. Колку подолго циркулира вирусот, рече таа, толку се поголеми шансите за нови мутации.

Претходно, од земјите од регионот, задолжителното носење маски на отворено го укинаа и Албанија и Косово. Кај нас, пак, оваа обврска е укината од 1 јуни.