Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз воведен пред два дена поради високото аерозагадување во Скопје. Од Секторот за животна средина на Град Скопје денеска информираа дека добиле известување од Министерството за животна средина дека на државните мерки станици регистрирано е загадување под 100 микрограми на метар кубен. Поради тоа се укинуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните воведени во понеделникот кога загадувањето беше над 150 микрограми на метар кубен.
„Загадувањето е намалено што значи низата мерки кои ги воведовме дадоа резултат“, рекоа од Секторот за животна средина на Град Скопје.
Градоначалничката Данела Арсовска вели дека Градот во наредниот период ќе спроведе низа системски мерки за намалување на загадувањето, но таа за два месеци не е може да го реши овој проеблем, за кој минатиот градоначалник Петре Шилегов и власта на СДСМ не направиле ништо 5 години.