Од 1 јануари построго – веќе нема расфрлање отпад кому како ќе му текне

26

 

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дефинирани како „производител“ дека од 1 јануари 2023 година стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овој закон важи за производителите на текстил, гуми, масла и возила, заедно со нивните вградени делови и материјали, како и вградените резервни и заменски делови, независно дали се вградуваат во возилото при техничка проверка, сервисирање или поправка, дали деловите се обезбедени од оригиналниот производител или од некој друг производител, како и употребувани производи и отпад од текстил, гуми, масла и возила.

Со тоа,  обврска на производителите е да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) со пополнување на обрасците за регистрација (на македонски јазик и двојазично, МК и АЛБ, на следниот линк: www.moepp.gov.mk

Производителите согласно со обврските од овој Закон, се должни да се здружат преку основање и/или склучување на договор со колективен постапувач или да обезбедат дозвола за самостојни постапувачи најдоцна до 31 декември 2023 година.

Во Законот за управување со дополнителни посебни текови на отпад е вклучено секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на којшто врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите, и тоа правни и физички лица кои што произведуваат производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезуваат и прв пат ги пуштаат на пазарот или како краен корисник, за свои потреби, увезуваат производи или на професионална основа увезуваат употребувани производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Македонија.

Овој закон се однесува и за правните лица основани во друга земја, а кои што продаваат со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во нашата држава.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дека за „производител“ се смета и правно лице кое работи со отпадни гуми и ги пушта на пазарот во Северна Македонија.