Од 2021 година забрана за употреба на пластични кеси

37

За една година ќе сакате да пазарите со платнените троби. Најлонските ќесиња ќе се исфрлат од употреба, а биоразградливите кеси ќе се продаваат по 10 денари. Ова е предвидено со Законот за управување со пакување и отпад од пакување, а оваа одредба од Законот ќе стапи на сила од 1 јануари 2021. Министерот за екологија Нуредини очекува да се покрене свеста кај граѓаните и да си носат торби за пазарење, со што постепено ќе се намали а потоа и исфрли употребата на пластични ќесиња.

„Засега сите компании оваа иницијатива ја прифатија позитивно, се надеваме дека тоа и понатаму ќе продолжи. Ова е мерка што сите треба да ја прифатиме и ќе треба да се навикнеме со тоа, за да се преземе одговорноста од страна на сите страни. Идејата е да се покачи цената со цел граѓаните да се стимулираат и да носат друг вид на торби од дома, да не мора да купуваат пластични кеси“, рече министерот Нуредини.

Дел од невладините организации велат дека пластичните кеси се проблем, но само дел од проблемот за надминување на загадувањето.

„Пластичните кеси се проблем, меѓутоа за загадувањето на воздухот не се проблем, така што со тоа не се решава и би и порачал на власта да не одиме на некои префирени проблемчиња коишто можеме полесно да ги решиме, па да залажуваме дека проблемот е решен или ќе го решиме“, рече Јован Мазгански, „Еко Скоп“.

За две недели, односно од 1 јануари 2020 година сите државни институции веќе нема да можат да нарачуваат пластична амбалажа. Пластиката за еднократна употреба ќе се замени со стакло. Податоците покажуваат дека годишно се употребуваат околу 150 милиони кеси или близу 2.000 тони пластика која најтешко се уништува.

Игор Стефановски