Од 204 казни во Скопје 118 се за брзо возење

1

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера во Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои 118 се за возење повеќе од дозволената брзина, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, 6 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 7 за возач почетник.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.