Околу 350.000 луѓе сè уште се блокирани во Мариупол

18

Околу 350.000 луѓе сè уште се заробени во Мариупол, кој е под опсада на руските сили од 1 март, соопштија локалните власти.

Со оглед на тоа дека градот има 540.000 жители, а околу 150.000 луѓе евакуирани во првите три дена кога тоа беше сè уште безбедно, проценуваме дека околу 350.000 луѓе се заглавени во Мариупол, изјави советник на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко.

Изминатите денови пропаднаа повеќе обиди за воспоставување безбедни коридори и евакуација на цивили од Мариупол.

Голем конвој со хуманитарна помош што требаше да пристигне во недела сè уште не стигнал во градот.

Поголемиот дел од луѓето остануваат во подрумите и засолништата во нехумани услови. Без храна, без вода, без струја, без греење, наведе Андриушченко.