Оксфорд се огласи за крвните згрутчувања и вакцината „Астразенека“

14

Универзитетот во Оксфорд соопшти дека идентификувањето на ретки згрутчувања на крвта што може да се поврзе со неговата вакцина против „ковид-19“, покажува дека системот за безбедност функционира, а британските и европските регулатори утврдиле дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

„Помалку сме загрижени кога гледаме дека следењето на безбедноста продолжува под внимателен надзор на регулаторите … Идентификувањето на ретки случаи на згрутчување на крвта, што може да биде поврзано со вакцината, покажува дека системот за безбедност работи“, рече Ендру Полард , директор на групата за вакцини во Оксфорд, која ја разви вакцината со „Астра Зенека“, објави Ројтерс.

Полард изјави дека безбедносниот систем им овозможил на надзорните органи да заклучат дека придобивките од вакцинацијата сè уште ги надминуваат ризиците, а истовремено да преземат мерки што помагаат во ублажување на секој можен ризик, пренесува Танјуг.

Комитетот за безбедност на Европската агенција за лекови (ЕМА) заклучи дека ретката појава на тромбоцитни згрутчувања на крвта треба да се наведе како многу редок несакан ефект на вакцината Астра Зенека, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на оваа европска институција.

Пријавената комбинација на згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити е многу ретка, а вкупните придобивки од вакцината во спречувањето на ковид 19 ги ​​надминуваат ризиците од несакани ефекти, според ЕМА.