Оле: Ова беше најлошата игра откако го презедов Јунајтед

3

Екипата на Манчестер Јунајтед запиша нов неуспех оваа сезоната, откако на синоќешното дерби во полуфиналето на Карабао Купот со убедливи 1-3 загуби од градскиот ривал Манчестер Сити.

„Ѓаволите“ одиграа уште еден катастрофален натпревар оваа сезона и за само 20 минути примија три гола во својата мрежа, а менаџерот Оле Гунер Солскјер призна дека неговите избраници изгледаа ужасно на терен.

„Првото полувреме беше ужасно, најлошо откако сум јас менаџер на тимот. На полувреме им реков дека ова е веќе прашање на гордост и дека мораат да го сменат својот пристап на игра. Успеавме во тоа, но не и да се вратиме во натпреварот. Сега пред нас е огромна планина, но не се предаваме и на реваншот ќе атакуваме на победа“, рече норвешкиот стратег.

Реванш средбата која ќе се одигра на „Итихад“ е закажана за на 27 овој месец.