Оливер Спасовски денеска сепак нема да сведочи за „27 април“

5

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска нема да сведочи во случајот за организацијата на настаните од 27 април 2017 година.

Причината е што имало неуредна достава за него и за Михаил Младеновски, уште еден сведок кој беше планиран за денеска, но и тоа што судското рочиште ќе треба да заврши до 14 часот бидејќи обвинетиот Миле Јанакиески има јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје за куќниот притвор.

До 14 часот планирано е да завршат воведните зборови на адвокатите и обвинетите, откако на минатото рочиште своите воведни ги кажа обвинителката Вилма Русковска.

Покрај Јанакиески, во случајот за организацијата на „27 април“ обвинети се и ексминистерот Спиро Ристовски, бившиот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Сите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.