Оливер Стоун се вакцинираше со руската вакцина „Спутник V“

26

Славниот американски режисер Оливер Стоун изјави во интервју за руската телевизија дека вп понеделникот против коронавирусот се вакцинирал со руската вакцина „Спутник V“ на московскиот научен институт „Гамалеј“, првата доза ја примл пред неколки дена, а за втората ќе се врати во Русика по распоредот за вакцинирањето.

„Дојдов пред неколку дена, не знам колку руската вакцина е ефикасноа, но слушнав многу работи оцени за неа, Ми претстои да ја земам втората доза, за што ќе дојдам повторно. Сметам дека вашата вакцина е ефикасна. Не сфажам зошто на Западот ја игнорираат, медиумите едноставно ги премолчуваат сите информации“ за „Спутник V“, изјави Стоун во понеделникот за рускиот Прв канал.

Седумдесет и четиригодинишниот Стоун инаку овој период снима филм во белоурската нуклеарна централа во Свердлоската област. Во Русија во моментот вакцината „Спутник V“ се дистрибуира и со вакцинирањето се опфатени висикоризичните професии.

Стоун има богата филмска кариеара во текот на којашто освои три Оскара, за филмовите „Полноќен експрес“ од 1978 година, „Вод“ (Водот на смртта) од 1986 и „Роден на 4-ти јули“ во 1989 година. Меѓутоа, последните години неговата работа на Западот е премолчувана, поради неговата отворена пофалба за рускиот претседател Владимир Путин, кого го смета за вистински миротворец меѓу моменталните светс челници.