Олмо во Лајпциг до 2027

1

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо го продолжи договорот со германскиот прволигаш Лајпциг до лето 2027 година.

Олмо дојде во Лајпциг во јануари 2020 од загрепски Динамо и во изминатите три и пол години стана еден од клучните играчи на бундеслигашот, кој лани со триумфот во германскиот Куп го освои првиот трофеј, а утре ќе има можност и да го одбрани пехарот во истото натпреварување.

„Ова е фантастичен клуб во фантастичен град со фантастични навивач, и навистина сум среќен што потпишав продолжување на договорот“, рече Олмо.

Неговиот претходен договор со Лајпциг истекуваше во лето 2024.

Лајпциг сезонава во Бундеслигата заврши на третото место и обезбеди пласман во Лигата на шампиони, а утре против Ајнтрахт Франкфурт ќе игра во финалето на националниот Куп во Берлин.