Онана на 26 години стави крај на репрезентативната кариера

14

 

Голманот на милански Интер, 26-годишниот Камерунец Андре Онана, објави денеска дека става крај на својата репрезентативната кариера, без да ги наведе причините за одлуката.

„Играчите доаѓаат и заминуваат, но Камерун е над сите играчи и луѓе. Камерун е вечен, како што е и мојата љубов кон националниот тим и нашиот народ, кој секогаш не поддржуваше без разлика колку му беше тешко“, порача Онана во обраќањето до јавноста.

Онана за време на Светското првенство во Катар влезе во конфликт со селекторот Ригоберт Сонг по што беше суспендиран поради недисциплина.

Од своето во 2016 година одигра 34 натпревари за Камерун.