ОН: Украинците многу страдаат поради војната и уништувањето предизвикано од Русија

7

Заменик-генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, изјави дека Украинците „многу страдаат поради војната и уништувањето предизвикано од Русија“.

Во изјавата пред Советот за безбедност на ОН, Грифитс укажа на „зголемениот број смртни случаи, раселување и страдања“ во Украина поради војната што ја започна Русија на 24 февруари

Тој истакна дека многу Украинци останале без струја во текот на зимските месеци поради руските напади и дека во земјата има и криза во снабдувањето со вода.

„Денес, многу цивили во Украина прават различни напори да преживеат“, рече Грифитс.

Тој посочи дека Украинците се соочуваат со многу проблеми и страдања поради, како што рече, „бесмислена војна“ и руските напади врз инфраструктурата.

Грифитс рече дека на Украинците итно им е потребна помош, особено за време на студените зимски денови.