ООО ЏЕМААТ, АЈ СИКТЕР ДОМА!

731

Додека ја анализираме формулата ‘‘дома, фамилија, улица, држава‘‘, доаѓаме до улицата. На таа иста улица на која додека оди народот гледа по земја, носот му е наведнат кон кондурите. Со дигната глава се само оние со скапи џипови и со коли кои вредат колку цел еден животен проблем на едно просечно семејство кое живее од плата. Ако живее! Што очекувате на улица во мафијашка држава!?

Од Агим ЈОНУЗ

Во земја во која по медиумите нај актуелна е Цеца, Гоце Делчев, турските филмови во кој секој втор плаче а секој трет на старост дознава кој му е татко, Бугарските политичари кои ебат се живо и диво у мозак, домашните политичари кои после секој говор катарзично мислат дека се центар на светот, ‘‘нема леб‘‘!  Во земја во која секој сељак купил скапо ауто и по Јаја Паша вози како да е Скопје на татко му, каде што секој втор е тежок ајван кој не дај боже да одлучува за тебе ( а одлучува за жал), каде што секој чобан те гледа како да му дужиш пари, каде што секој четврти ставил машна и мисли дека е тежок интелектуалец кој ти ја креира иднината, за жал… ‘‘нема аир‘‘! Стварност каква ние живееме не можат да ја стават на филм ниту најдобрите сценаристи во Холивуд.

Јавното ментално здравје е многу нарушено. Кога пред две години не погоди почетокот на пандемијата, ние и така бевме во блага депресија поради сликата на државата и секојдневието во кое живеевме. Во перманентно незадоволство, политичка небулоза ( која трае) и во социјална провалија. Единствениот ‘‘ ќар‘‘ од пандемијата и механизмите кои се инсталираа за контрола и лекување имаше и сеуште има системот на контрола, или ако преведеме на народен јазик политичарите. Зошто политичарите? Многу просто! Нивниот ќар е можноста на многу начини да се оправдуваат себе си за смрадот кој го шират како неспособно стадо на стока. Од пред две години до сега, да немаше пандемија, до сега многу нешта кои беа во тек требаше да се финализираат. Дека ке беше нешто спектакуларно ‘‘ мало морген‘‘, ама како и да е, ке требаше да се покажат некои резултати кои кажуваат дека нешто се работи. Државата плива во жива кал, овој пат уште подлабоко од пред пандемијата. Ајде државата да ја оставиме на страна. Дури и оние ‘‘ултра‘‘ патриотите почнаа да ја презираат и да ја псујат. Државата и стварноста се како еден ‘‘лош сон‘‘ од кој сакаме да се разбудиме ама не можеме.

Народот се поремети. Ако гледаме од традиционалистички аспект, постои ред за се. За дома, за фамилија, за на улица, за држава! Тоа е формуила во која ако на еден елемент се поремети нешто, како во едно кесе кога ке се стават цреши, една ако има црвии ако е расипана, отидоа сите. Сликата на општеството во кое живееме стана едно искривено огледало на времето во кое по сите правила би требало да живееме подобро од вчера, а полошо од утре. Ајде да ја анализираме формулата која е ланец на целиот амбиент на живеење.

Кога збориме за ‘‘дома‘‘, зборуваме за едно време во кое постои рекорден број на разводи и упропастени бракови. Од тука започнува се. Елементарното воспитување доживува дебакл. Децата покрај тоа што наместо родителите ги воспитува “Google”, дома се сведоци на несреќни и незадоволни родители, кои се борат егзистенционално и воопшто социјално. Они гледаат само едно решение. Тоа е – како да направат пари. Не реков да заработат, затоа што пари се заработуваат во здрави општества преку работа и ангажирање. Во прашање е како да ‘‘направат‘‘ пари. Така, тие се соочуваат со тешка социопатија која вели дека парите се во нај голем дел ( 99%) кај криминогените елементи. И така, кога младината влегува во филмот дека се е во парите, пронаоѓаат свои идоли во криминалци, развратници, псеудо господа и во се нешто што по системот на ‘‘транзициски филм во демократско општество‘‘ носи како социопатија свои опашки. Исфрустрираните родители немаат аргументи за своето лузерство, секој втор пронаоѓа утеха во зависности, бракот станува ‘‘про форма друштво‘‘ во кое секој е препуштен сам на себе! Битно е да има на маса ‘‘барем граф за дојди дома, јади, бегај‘‘! Улицата станува џунгла во која се наметнуваат прости филозофии на успех. Еден од најтрагичните филозофии е онаа со која најголем дел од стоката по улици се води. Проста е а вели, ‘‘ ако не сум по паметен, по богат сум, ако не сум по богат, по јак сум‘‘! А ако не сум ниту едно од наведеното, доволно сум луд за да ти напакостам да ме памтиш цел живот. Оној дел од луѓето кои не се милитантни и кои се повлечени, мирни и колку толку еснафи, за жал молчат, вртат ‘‘теспих‘‘ и му се молат на Аллах. Тој остана последната инстанца од која се чека помош, милост и надеж. А најмногу душевен мир.

Што се однесува до фамилиите, ретко која остана здрава. Брат на брат му забива нож во грб за сто евра. Секој на секого му должи пари, ретко која фамилија има здрави односи, или барем во најголем дел сите функционираат по системот на тешка хипокризија водена од правилото ‘‘ ах да не си мој, и да има смисла, би те снемало‘‘. И така, пошироките фамилии се расцепкаа на ‘‘секој на свое огниште‘‘, а колку за Бајрам и за погреб, ке направиме гајрет и ке дојдеме.

И така, додека ја анализираме формулата ‘‘дома, фамилија, улица, држава‘‘, доаѓаме до улицата. На таа иста улица на која додека оди народот гледа по земја, носот му е наведнат кон кондурите. Со дигната глава се само оние со скапи џипови и со коли кои вредат колку цел еден животен проблем на едно просечно семејство кое живее од плата. Ако живее! Што очекувате на улица во мафијашка држава!?. Закон на послиниот, побогатиот и по влијателниот. Растурени домови и фамилии немаат здрав човек да испратат на улица. Ако од дома излага сакат човек, улицата е крива колку и да е права. Една народна приказна вели дека ако излезеш од дома како што треба, ништо не може да те сруши на улица, но ако од дома излезеш ‘‘срушен‘‘, на улица не може никој да те подигне. Скопските улици претрпеа неколку промени одеднаш. Миграцијата село-град донесе преку ноќ многу чобани со многу пари, но го донесе и селото заедно со нив. Донесе насилие, бруталност. Го уништи реалниот урбан систем на вредности. Го уништи поимот ‘‘ господин човек‘‘. Владее ‘‘Texas‘‘ по улиците, поготово што огромен дел од народната маса е полу урбана, криминогена, а капак на се со само една цел а тоа е етаблирање во градот. По секоја цена. Културата е на ниво на Бангладеш, со елементи на мирис на скапи парфеми, златни ланци и набилдани бицепси. Нарко дилерите сметаа дека само туѓи деца може да се трујат. Се додека не почна да се труе и сопствената младина. Тоа е бумеранг. Нашмркани млади деца немаат критериум за ништо. Деструкција до максимум. Владее дрога, секс, криминал и тотален распад на системот на вредности. Улицата е приказна за себе.

Левата страна на Вардар ( од Камени мост накај Чаир) е држава за себе. Таа страна не е гетоизирана, таа е изолирана! Гето е дело од една урбана целина, ова е чисто изолирање во круг на вредности кои одговараат само на една структура, а тоа се криминалците, сељаците, ајваните и оние кои сето тоа гоприфаќаат како нормално. Најголем дел од населението е муслиманско. Религија која декларира воспитаност, чистотија, ред, мир! Како никогаш до сега џамиите се полни, а како никогаш до сега нема ни васпитаност, ни чистотија, ни ред, ни мир!

И на крај дојдовме до државата! Каква држава бараш од растурен дом, фамилија која не почитува ни крв ни семејна лоза, од улица на која за да опстанеш треба да си спремен на се и тоа секој ден 24ч. Каков народ таква држава. Некој ке рече дека јас тука пишувам за Албанците. Не! Напротив! За девеесет проценти од населението на територија на Македонија. Да, таа иста Македонија од која очекуваме да биде некоја држава а не знаеме дека државата ја прави народот. Државата е сублимат на се она што го спомнавме погоре. На тоа ке додадеме и историја и традиција која е релативна затоа што е адаптирана на дневно-политички потреби, а капак на се е немањето традиција на државност и на историја која ке каже дека ова некогаш навистина било како што треба, а сега е во криза. Таа е создадена во криза, таа самата е криза, таа самата е хаосот на формулата која ја анализираме во колумнава. А тоа е дом, фамилија, улица, држава! Се распаѓа се! Менталниот склоп на просечниот граѓанин е на ивица на лудило. Од него бараш држава да ти правои?… тој не знае носот да си го избрише, а камо ли држава да ти прави.

ОООО ЏЕМААТ!…. сиктер дома! Мрш! Кога ни бога не го слушаш више, па што чекам ја тука у колумнава!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)