Опаѓа бројот на новозаразени со корона вирус во Индија

6

Индија денеска регистрира нов пад на новозаразени случаи со корона вирус, иако дневниот биланс на смртност и натаму е над 4.000, а експертите предупредуваат дека бројките веројатно нема се веродостојни поради недостигот на тестирања во руралните области, каде што вирусот брзо се шири.

Со месеци наназад ниту еден дел од светот не е погоден од пандемијата како што е случајот со Индија, додека новата варијанта на вирусот што беше пронајдена токму во оваа земја го поттикна зголемувањето на бројот на заразени, достигнувајќи до повеќе од 400.000 случаи на ден.