ОПМ: Владата повеќе да стимулира купување енергетски ефикасни производи

13

 

Организацијата на потрошувачи (ОПМ) бара Владата повеќе да ги стимулира потрошувачите да купуваат енергетски ефикасни производи.

Марија Лончар Велкова, претседател на ОПМ, денеска порача дека треба да се направи многу повеќе за да се стимулиарат граѓаните да купуваат енергетски ефикасни производи, кои, како што истакнува, ќе им ги намалат сметките и се многу подобри.

– Направивме една компарација помеѓу клима уредите бидејќи заедно со други органзиации сме во тој проект на кој начин да се стимулираат  луѓето да купат енергетски ефикасен производ. Ако имате ист ДДВ вие не сте стимулирани. Тука треба да се размислува и за тоа колку еден добро енергетски ефикасен уред ја намалува сметката на  потрошувачот. Треба да се прават компаративни анализи, рече Лончар Велкова, на новинарско прашање за улогата на ОПМ за помош на потрошувачите од високите цени на проозводите и услугите во услови на економско-енергетската криза.

ОПМ е дел од компаративна анализа и тестирање на инвертер клими како уреди кои придонесуваат за помали сметки за струја.

Според Лончар Велкова, потребно е стимулирање и фотоволтаични системи, како и појасна регулатива за добивање дозволи за да се се забрза тој сегмент.

ОПМ денеска организираше работна средба  за зголемување на нивото на информираност на потрошувачите за телекомуникациските услуги.