Опозицијата и натаму се противи на онлајн гласање во Собранието

12

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии денеска претпладне не присуствувале на редовната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а причина за тоа, како што наведуваат, е, меѓу другите, ставањето на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието без договор со опозицијата. Се доведува во прашање и учеството на опозициските пратеници на координативните средби и на пленарни седници.

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по сратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела, е ставен на дневен ред на седницата што првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери ја закажа за в четврток, 26 ноември.

Сепак, не се знае кога можноста за онлајн вклучување на пратениците ќе стане реалност имајќи предвид дека за да се донесе Предлогот на мнозинството му требаат 61 пратеник што во моментов ги нема поради отсуството на неколкумина пратеници од здравствени причини, дел поради Ковид.