Општина Струга со план за третман на кучињата скитници

4

 

Заловување и стерилизација на женските кучиња скитници, а потоа и кастрација на машките и поставување чипови се дел од активностите што ќе ги спроведе Општина Струга за надминување на проблемот со кучињата скитници во градот, за што се обезбедени и средства во општинскиот буџет.

За таа цел денеска градоначалникот Рамис Мерко имаше средба со претставници на релевантни институции кои се занимаваат со ова прашања, со цел, како што соопшти општинската прес-служба, да се намали бројот на кучињата скитници и нивната агресивност кон луѓето.

– Стерилизацијата на женските кучиња, значително ќе влијае на наталитетот за најмалку 16 пати помалку. Следната активност ќе биде кастрација на машките кучиња и поставување на обетки или чипови за да се обележат . Некои од тие кучиња ќе останат изолирани додека нивната агресивност не се намали или целосно не се изгуби, додека дел од кучињата ќе се третираат според важечките закони, информира Општина Струга.

Алепираат до сопствениците на домашни кучиња, кои ги пуштаат на улица или ги чуваат во својот имот, да го ограничат движењето, според утврдените правила, бидејќи во спротивно ќе се соочат со високи глоби.

– Силно нагласуваме дека Општина Струга е многу сериозна во извршувањето на оваа задача и затоа успехот ќе биде непосреден. Апелираме и бараме од граѓаните доколку приметат дотур на на кучиња скитници од другите општини, да ги сликаат возилата (автомобили, комбиња, камиони), кои ги истовараат и сликите итно да се достават до општина или до полиција, стои во информацијата.

Општина Струга побарала од надлежните органи да дежураат 24/7 и да ја контролираат состојбата со кучињата скитници и бараат спроведување на законските казни.