Општина Тетово со 811 договори само во 2021, ќе ги објави ли Касами имињата на вработените во неговиот мандат

5

Општина Тетово објави листа со 811 лица кои биле хонорарно ангажирани од минатата власт, кога со општината раководела Теута Арифи. Од кабинетот на новиот градоначалник, Биљал Касами, велат дека на оваа листа се сите оние кои имале потпишано договор. Тие кои не ја завршиле обврската, ќе треба да ги вратат парите.

„Овие договори се склучени меѓу странките и општина Тетово, под раководство на структури од минатата власт. На лицата кои доставиле извештај за сработеното, согласно договорите, ќе им бидат исплатени сите заостанати финансиски средства како резултат од инспекцијата на ова законско прекршување од структурите локалната власт од минатата власт. Додека на тие кои не доставиле извештај за сработеното ќе добијат известување за враќање на средствата земени со договорите, од Буџетот на Општина Тетово. Во спротивно ќе се поднесе кривична пријава до правните органи“, велат од општина Тетово.

Советничката од независната листа, Елмедина Абдулаху, вели дека имало нивно барање оваа листа да биде јавна, но исто т ака вели дека побарале и објавување на потпишаните договори во текот на овие месеци откако на чело на општината застанал Касами.

„Една од точките беше листата со договори да биде јавна и тоа се реализираше, ова барање не важеше само за тие претходни те туку и з а актуелните кои ќе се вработат и ни беше ветено дека овие податоци ќе се ажурираат и за секој договор кој ќе се склучи во Општина Тетово ќе имаме информации следните денови. Меѓу имињата кои се на листата има и такви кои работеле во општината и не треба да се генерализираат сите,“ вели Абдулаху.

На прашањето дали ќе се објават имињата а новите лица кои ќе бидат ангажирани со договор на дело во општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами пред неколку дена рече дека општината имала проблеми со веб страната и дека следните денови ќе бидат објавени и имињата од новите договори. Според Касами, во општина Тетово имало над 400 договори од кои повеќето , според него, не и дале никаква услуга на општината. Од општина Тетово велат дека добиваат извештаи за тоа кој вработен каква работа сработил.