Општина Центар:Дали ќе се гради или не комплексот спроти холидеј ин ќе биде познато до Велигден

7

Ќе се суспендира ли планот за изградба на трите високатници спроти Холидеј Ин или сепак ќе се реализира ќе се знае до Велигден.

Но конечната и официјална одлука треба да ја донесе Советот на општина Центар на седница најавена да се одржи по празникот, информираат од општината.

Од Општина Центар велат дека е можна суспенција на Деталниот урбанистички план доколку се докаже штета согласно членот 23 по законот за урбанистичко планирање. За суспензија на спорниот планот потребно е општина да поднесе елаборат до министерството за транспорт и врски кое што пак во рок од 15 дена треба да донесе одлука за суспензија на планот или пак негов дел зависно од одлуката на советот на општината. Оштета поради суспенцијата, велат од општината, ќе биде неопходно да се плати но колку таа ќе изнесува ќе зависи од проценката на инвестиротот за предизвикани загуби по евентуалната одлука за суспензија.

Дел од граѓаните жестоко се спротивставуваат на изградбата на комплексот згради на паркингот спроти Холидеј Ин, додека жителите на Ново Маало повеќепати досега излегоа со поддршка за изградба на високатниците.