Орбан: Европа е во неволја

15

Европа е „во неволја“, бидејќи сè уште не успеа да го дефинира своето ново место во глобалната економија, рече унгарскиот премиер на меѓународниот форум за надворешна политика во Блед, Словенија.

– Европа тешко сфаќа дека за разлика од САД и Кина не е во состојба фундаментално да ги менува правилата на играта, изјави Виктор Орбан на 15-тиот годишен стратешки форум во Блед.

Форумот во Блед, во северо-западна Словенија, е голем настан за надворешна политика што ги обединува шефовите на држави и влади и министрите за надворешни работи на неколку држави. Главните теми оваа година се предизвиците и можностите со кои се соочува Европа во пресрет на пандемијата на коронавирусот и Брегзит.

– Причината за ова е што Европа сè уште нема заедничка армија поддржана од центри за наука и иновации кои би можеле да послужат како мотори на технолошкиот напредок, рече тој.

– Нашата сегашна состојба и последици кои не чекаат треба да бидат јасно дефинирани, рече Орбан.

Тој истакна дека унгарската политичка сцена е битка за интелектуалниот суверенитет

– Политичката сцена на Унгарија се карактеризира со битка за интелектуален суверенитет, рече премиерот Виктор Орбан во Блед, додавајќи дека неговата влада се бори да го спроведе својот христијанско-демократски и конзервативен пристап кон демократијата против либералните погледи.

– Ние се бориме за да можат европските институции и политиката да бидат видени од повеќе од една гледна точка и да можеме да имаме дебати за идеи како семејство, нација, културни традиции, религија и миграција“, рече Орбан и додаде дека унгарската демократија е добра исто како и германската или италијанската демократија и е во согласност со европските барања.