Орбан предупреди дека Фидеш може да ја напушти ЕПП

31

Унгарската владејачка партија Фидеш би можела да ја напушти Европската народна партија (EPP – ЕПП) која ги обединува европските партии од десниот центар, откако од конгресот на европските конзервативци во Загреб изминатите два дена беа испратени измешани сигнали за своите намери по суспендирањето на челнството на Фидеш во блокот, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот.

Европската народна мартија во март годинава го суспендираше членството на Фидеш поради „загриженост“ од кампањата на унгарската влада против либералната доселеничка политика на водството на Европската унија, и обвинувајќи ја Будимпешта за наводни „ерозија на владеењето на правото, слободата на медиумите и правата на Малцинствата.

Фидеш поради тоа не беше поканет на самотот на ЕПП во Загреб. Од ЕПП рекоа дека ќе испратат „група мудреци“ да ги истражат условите во Унгарија и да одлучат дали ќе го задржат Фидеш во своите редови, прцес кој новиот претседател на блокот Доналд Туск, кој инаку и самиот не е омилен кај владејачките конзервативци во неговата родна Полска, рече дека очекува да биде завршен до крајот на јануари.

Орбан, како изразен суверенист, во петокот во разговорот за унгарското државно радио, беше пркосен.

„Ќе го чуваме своето суспендирано членство. Ќе чекаме ЕПП да биде начисто со своите погледи и планови, и тогаш ќе донесеме одлука“, рече Орбан.

Во својот говор на самитот на ЕПП во Загреб, Туск не го именуваше Орбан но рече дека мејнстрим групата на кознервативните партии е решителна во тоа да се „спротистави на манипулативниот популизам и лажните вести“.

„Мораме тоа да го запреме. Во политичката борба, вистната и честноста не можќе да бидат потполно беспомошни против лажните вести, манипулациите и омразите“, истакна Туск во говорот кој навестува повеќе неолиберлана политички курс на европските конзервативци под негово водство.

Туск е поранешен полски премиер од партијата Граѓанска платформа. Во 2014 година по неуспесите на домашната политичка сцена се повлече од должноста за да биде избран за претседател на Европскиот совет а потоа и да биде реизбран иако Полска не го предложи. Следната 2015 година Граѓанска платформа беше катастрофално поразена на парламентарните избори од десната партија Право и справедливост (PiS) на Јарослав Качински, која е сојузник на Фидеш наспроти одредени политики кои ги спроведуваат бирократите во Брисел.

„Нема да ги жртвуваме вредностите како што се граѓанските слободи, владеењето на правото и честноста во јавниот живот на олтарот на безбедноста и редот. Кој ова нема да го прифати, дефакто се сместува наддвор од нашето семејство“ на ЕПП, рече Туск.

Орбан со својата цврста политика на спротиставување на масовниот илегалне бран доселеници од не-христијанските земји во ЕУ го предизвика гневот на неолибералите во Брисел. Запрашан за коментар на изјавите на Туск, унгарскиот премиер рече дека ЕПП стана жртва на свртувањето в лево, нешто што Туск мора да го сопре или ЕПП ќе ја загуби Фидеш.