Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите кон Русија, но нема да ги прекинеме енергетските врски со Русија

14

Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Русија, а единството на 27-те членки на Европската унија е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Оваа недела Унгарија се приклучи на иницијативата на претседателите на осум земји од ЕУ да започнат преговори за членство со соседна Украина, но Унгарија, членката на НАТО, одби да пренесе смртоносно оружје низ својата територија до источниот сосед.

На педесет и осумгодишниот Орбан му претстојат избори за четири недели, но неговата кампања е попречена од зголемената инфлација и последиците од војната во Украина, а фондовите на ЕУ се замрзнати поради спорот за демократските стандарди.

– Го осудуваме рускиот напад, бидејќи тие ја започнаа војната против Украина – изјави Орбан во четвртокот.

– Страните мора што поскоро да се вратат на преговорите. Цела Европа треба да работи за мир – рече Орбан.

Орбан, кој беше силно критикуван од унгарската опозиција за неговите пријателски врски со Москва, рече дека врските на Унгарија со Русија до неодамна биле „урамнотежени и правични“, но дека војната создала нова ситуација.

Сепак, тој рече дека нема причина да се прекинат енергетските врски со Русија.

На прашањето што доведе до војната, Орбан рече дека се најдовме во вкрстен оган на големите геополитички играчи.

– НАТО постојано се шири кон исток, а тоа не и се допаѓа на Русија. Русите побараа Украина да прогласи неутралност и НАТО да не ја прифати Украина. Русите не ги добија овие безбедносни гаранции, па решија да ги надминат во војната, а тоа е геополитичкото значење на оваа војна. Русите сега ја преуредуваат безбедносната карта на континентот, нивната визија за безбедносната политика е дека Русија мора да биде опкружена со неутрална зона за да се чувствува безбедно, рече тој.

Орбан верува дека Кина наскоро ќе стане најголемата сила.

– Како што стојат работите денес, Кина наскоро ќе биде најсилната економска и воена сила во светот. САД се во пад, додека Кина е се посилна, рече Орбан.