Орбан: Успеавме, Унгарија е изземена од ембаргото на руска нафта

8

 

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, го поздрави компромисот за ембаргото за руската нафта.„Постигнат е договор. Унгарија е изземена од нафтеното ембарго!

Унгарските семејства можат мирно да спијат вечерва, ја спречивме идејата од која се крева косата на главата“, рече Орбан во видеопорака објавена на „Фејсбук“.

Целосната забрана за увоз на руска нафта би била неподнослива за Унгарија како атомска бомба, рече Орбан, додавајќи дека успеал да го спречи тоа.