Орбан ја затвори Унгарија

9

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде указ со кој им се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци, објавено е во Службениот весник на таа земја.

Забраната, која ќе стапи во сила утре, беше објавена минатиот петок.

Исклучоците се однесуваат на владини службеници што организираат службени настани, на приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно студираат, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој на кој му е дозволено да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделен карантин и двапати да добие негативен тест за коронавирусот.

Двонеделниот карантин е задолжителен и за Унгарците што се враќаат во земјата од странство.