Орка Холдинг – Нема полициска акција, туку инспекција во фирмата Монт

20

Преку соопштение од Орка Холдинг велат дека не станува збор за полициска акција, туку за контрола од стана на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдиле дека нема ништо спорно во работењето на компанијата.

Претходно полициски извори за РСЕ потврдија дека инспектори прават проверки во две фирми во Македонија, а проверка се прави и во една фирма во Шпанија, во соработка со шпанските власти.

Од Орка Холдинг велат дека ниту компанијата Монт, ниту Орка Холдинг на каков било начин не учествувале во предизборната кампања на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска на претходните претседателски избори.

Маиците од компанијата Монт биле нарачани и набавени од компанијата Polyesterday-компанија со која долги години соработувале, стои во соопштението.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека најверојатно тоа е акција на МВР и оти во овој момент подетални информации околу тоа нема.