Орце и Ана Камчева утре ќе сведочат во судница за „Рекет“ пред Боки 13 и Катица

250

Јордан Орце Камчев и Ана Камчева утре во судница ќе сведочат за парите кои Јовановски ги земал со цел олеснување на положбата на Камчев во предметот „Империја“ на СЈО.

Јовановски пак на првото рочиште рече дека „Преку овој предмет се водат валкани политички игри кои паѓаат врз овие мои плеќи“ и го обвини Обвинителството дека му го сатанизирало името, го довело до линч и поради тоа набргу згаснал неговиот медиум „1ТВ“.

Боки 13 е обвинет за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Милевски е веќе осуден за „Примање награда за противзаконито влијание“.

Во врска наводниот криминал во Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски се чекаат вештачењата на одземените технички уреди, меѓу кои и двата телефони на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.