Османи: Бугарските здруженија веднаш треба да побараат графа во рамките на пописот

7

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утрово се огласи во врска со реакциите на правата на бугарската заедница во земјава и порача дека граѓанските здруженија треба веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа во пописот.

Земјава, порачува тој, има исклучително успешен модел на мултиетничко општество и никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница.

„Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла, никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права. Уште веднаш претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географската дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, вели Османи во реакцијата.

Во однос на македонските Бугари, пред два дена стигна и информација од Бугарија дека претседателот Румен Радев имал средба со шефовите на специјалните служби на која побарал да преземат мерки за заштита на Бугарите во Северна Македонија.

Да се заштитат Бугарите во С Македонија, побарал претседателот Радев од специјалните служби

На тоа реагираа и претседателот и премиерот, а нивните реакции беа во иста насока, односно со порака дека двете земји се сојузнички во НАТО, не се потребни специјални служби, како и дека тоа претставува мешање во внатрешните работи на друга земја.