Османи: Во Украина има уште 50 Македонци, семејство со новороденче е заглавено во Харков

13

Бујар Османи министер за надворешни работи / Фото: ,,Слободен печат” – Драган Митрески
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека во Украина има уште 50 македонски државјани кои се обидуваат да ја напуштат земјата.

„Има едно семејство со 5 дневно бебе во Харков каде што се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот и ние со нив сме во постојана комуникација. Тие не можеле да одговараат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување кој што бил на неколку дена пред руската инвазија“ вели тој.

Според Османи ситуацијата таму се влошува и се очекува разгорување на теренот.

Како што изјави Османи, украинската Амбасада побарала, ако дојдат бегалци, да не им се бараат сертификати за вакцинација, за да не се усложнува работата.