Османи: Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на Фејсбук напиша дека е време да се отворат границите во земјава без никакви ограничувања.

26

„Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!“, напиша Османи.

За отворањето на границите и условите под кои тоа ќе функционира, министерот за здравство, Венко Филипче, вчера кажа дека дополнително ќе биде разговарано во текот на денешниот ден, по што јавноста ќе биде информирана.

„Епидемијата е сè уште во полн ек, состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите. Ова повторно нè води до заклучок дека вирусот е тука, ќе мора да продолжиме да живееме со него и да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, туку и следната. Сметам дека е важно сите општествени чинители активно да се вклучат во пренесување на вистинската информација, а тоа е додека вирусот е тука меѓу нас, мерките кои се воведени мора да се почитуваат. Со почитување на мерките, маска, дистанца, дезинфекција, се штитиме самите себеси и сите околу нас“, рече Филипче.