Османи – Лудва: Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на политиката на проширувањето на ЕУ

1

 

Актуелното претседателство на Северна Македонија со ОБСЕ, безбедносните и економските предизвици со кои земјите се соочуваат по руската воена агресија на Украина, биле дел од темите на кои разговарале на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва.

Потенцирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Чешка, се наведува во соопштението од МНР, министерот Османи нагласил дека претстојната посета на неговиот чешки колега Јан Липавски на нашата земја е потврда за традиционалното пријателство и широка секторска соработка.

Османи и Лудва, се согласиле дека двете држави остваруваат значајно партнерство во рамки на ООН, НАТО и ОБСЕ, а Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на нашата земја во однос на политиката на проширувањето на ЕУ.