Османи: Опозицијата со 180 амандмани го блокира законот за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ

5

Опозицијата со 180 амандмани го блокира изменувањето на законот за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ – вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Станува збор за блокиран предлог, кој се однесува на еден член од законот за надворешни работи, кој ја ограничува селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ. Според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето на претходната мисија, да има престој од 24 месеци во мнр, до следниот мандат.

Но, затоа што претседавањето е вонредно, предложени се измени на еден став, сепак процесот е блокиран. Османи, денеска изјави дека не му јасно зошто опозицијата блокира логистички измени во законот кога станува збор за голема можност за Македонија на надворешно политички план на светско ниво.

Македонија денеска на првиот работен ден од година стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ, а со ова и формално започнаа обврските поврзани со претседавањето во 2023 година.

ОдД Денеска го преземаме претседавањето со групата на медитерански партнери – Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис.