Османи: Членките на ЕУ постигнаа консензус околу доделувањето датум за С. Македонија

4

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес конференција информираше дека сите 27 земји членки постигнале консензус околу доделувањето датум за почеток на преговори со нашата земја.

Како што кажа Османи, веста ја примил доцна синоќа.

Toj изрази очекување одлуката да биде потврдена денеска, а на 24 март, од страна на министрите за Европа и на самитот на министри на 26 март.

Позитивната вест од Брисел, како што информираше Османи, доаѓа по средбата на постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ на која било разговарано и за проширувањето.