Османи ќе го менува Уставот за да ги вметне и Бугарите во преамбулата

52

Шефот на дипломатијата вели дека нема никави резерви околу тоа иако Бугарија не побарала и Бугарите во земјава да стојат во преамбулата на Уставот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи змета дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани, кои ќе ги имаат сите права.

– Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот – изјави Османи во емисија на ТВ 21.

Османи, како што рече, нема никави резерви да бидат споменати како посебна етничка заедница.

– Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна – рече Османи.

Но, како што рече Бугарија не го побарала тоа од земјава.

-Јас не сум чул. Немаат побарано такво нешто. Не сме разговарале за ова – рече Османи.

Пред тоа Османи побара графа Бугари во пописните листи.