Османи-Џачка: Оваа година надеж за евроинтеграциите на Албанија и С. Македонија

16

Оваа, 2021 година е година на надеж за Албанија и Северна Македонија, вели министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка. Таа додаде дека оваа година со нетрпение го очекува почетокот на преговорите меѓу двете земји со ЕУ, нагласувајќи дека тие работеле напорно за да ги исполнат условите. Според неа, понатамошното одложување на процесот би било разочарувачко за двете земји и за регионот.

„Жално би било ако оваа голема работа и оваа голема самодоверба повторно бидат разочарани, поради субјективните или политичките размислувања на земјите-членки, во време кога објективната и техничката проценка на Советот и одлуката што ја донесе во март 2020 г. се позитивни. Второ, стабилноста, развојот и безбедноста на нашиот регион се неразделно поврзани со европската перспектива“, нагласи Џачка.

На средбата во Тирана, со министерот за надворешни работи Османи, Џачка додаде дека членството во ЕУ е гаранција за развојот на регионот, но и придонес кон безбедноста на самата ЕУ.