Осум пациенти починаа од коронавирус во Албанија

14

Во Албанија дијагностицирани се нови 12 случаи со Ковид-19, со што бројката на вкупно зазарените се зголеми на 186 лица.

Надлежните велат дека добра вест е што бројот на заразените споредено со претходните денови е помал за дури 16 лица, а уште поохрабрувачка е веста дека се излекувани 31 пациент, меѓу нив еден лекар и една медицинска сестра.

Од вкупната бројка, излекувани се 31 пациент, а починаа осум лица.